23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Талески: Заслужуваме да сме во ЕУ, но само како Македонци и не преговараме за идентитетот

„СДСМ прерасна во најпрогресивната, најдемократска и најголема партија која ја влече државата напред“, изјави на партиската трибина во Прилеп пратеникот Миле Талески, потсетувајќи на успесите на СДСМ од последните три години. Тој додаде дека за разлика од нив, во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени и партијата останала заробена во режимската матрица на Никола Груевски.

-Ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски знае само за деструкции, за блокади, за одбрана на криминалци и секако лажни вести. Беа против повисоки плати, против зголемување на пензиите, против парите да завршуваат кај граѓаните. Кочат инвестиции во здравството, кочат закони важни за наставниците, за Армијата, за сите граѓани, вели Талески.

Според пратеникот на СДСМ власта успеала да го исполни стратешкиот интерес на граѓаните, со полноправно членство во најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот, НАТО Алијансата.

-Кога е во прашање вториот интерес на државата, нашето членство во Европската унија, би сакал посебно да нагласам една работа. Да, сакаме и заслужуваме да станеме дел од Европското семејство, но само како Македонци, со наш македонски идентитет. Затоа, не преговараме и никогаш со никого нема да преговараме за нашиот македонски идентитет, заклучи Талески.