Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа има еден нов хоспитализиран пациент

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Пациентот е примен во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември, каде вкупно има 14 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Можеби ќе ве интересира

Вчера лишени од слобода три лица од Скопје барани со потерница за вкупна затворска казна од девет години и шест месеци

ДЕСК

Полицијата упадна во стан во Скопје – едно лице уапсено

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК