7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Укинување на полицискиот час од среда? – Комисијата за новите мерки носи одлука утре, Владата ќе стави печат во вторник

Утре Комисијата за заразни болести треба да предложи до кризниот штаб и Владата за новите насоки кон олабавувањето на мерките.

Според неофицијални информации на Centar.mk се очекува или целосно укинување на полицискиот или негово кратење, и тоа од 1 до 4 часот.

Се очекува и продолжување на работата на угостителските објекти до 00 часот, а можно е дозволување на прослави во кафетерии и кафани, но под утврдени мерки.

Маските и натаму ќе бидат задолжителни во затворени простории.

Ваквите одлуки се очекува утре да бидат ставени на дневен ред од страна на Комисијата за заразни болести и кризниот штаб, по што во вторник на владина седница истите да бидат потврдени. Новите олабавени мерки почнале да важат во од среда, 16 јуни дознава Centar.mk.

Денеса за прв пат по 2. септември 2020 година, не беше забележан ниту еден случај на починато лице од ковид 19, истовремено бројот на новозаразени се соопштува во едноцифрена бројка, што е добра вест.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани

ДЕСК

Филипче и Герасимовски го кренаа Центар на нозе – погледнете ја атмосферата

ДЕСК

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

ДЕСК