21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Преку граѓански трибини ќе го слушнеме вашиот глас, она што сметате дека е најдобро, ќе се најде во програмата

„На трибините од караванот ‘Најдоброто за нашата општина’, ќе го презентираме досега сработеното, но имаме намера да го слушнеме и вашиот глас. Да кажете отворено од што сте задоволни, што сметате дека треба да се промени, што сметате дека во иднина треба да се направи. За нас зборот е збор. Она што вие сметате дека е најдобро за вашата општина, тоа ќе се најде во програмата за локалните избори, тоа и ќе се реализира“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „Најдоборото за нашата општина“ во Скопје.

„ Вашиот глас е слушнат и уважен, за тоа гарант е СДСМ, без разлика кој ќе биде нашиот кандидат во било која општина. Во изминатите четири години сторивме многу, поставивме високи стандарди на одговорно, чесно и транспарентно водење на централните институции но и на општините“ кажа Заев.

Тој додаде дека многу општини ширум државата се трансформираа на подобро и дека забележан е сериозен развој и напредок во локалните самоуправи.

„Долги години општините тонеа во долгови, новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите. Решивме да им излеземе в пресрет и како Владата обезбедивме 50 милиони евра, средства за општините. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи“ потенцираше премиерот Заев.