Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Ново изненадување за корисниците на А1

Пред почетокот на фудбалската еуфорија и натпреварите на EURO 2020, А1 Македонија организира квиз на знаење преку апликацијата Мојот А1, со која сите корисници добиваат можност за многу забава и одлични подароци.

Сите корисници на Мојот А1 имаат можност да го покажат своето фудбалско знаење и со погодување на резултатот за секој од трите натпревари во Група Ц, на кои игра македонската фудбалската репрезенатација, добиваат можност за подарок – фудбалска топка или PlayStation 4.
Квизот е овозможен преку апликацијата Мојот А1, каде што секој корисник кој ќе пристапи на самата апликација, со логирање на својот личен профил има можност да учествува во квизот кој го приредува А1 Македонија. Сѐ што корисниците треба да направат е да ја симнат апликацијата Мојот А1 или пак да ја ажурираат со актуелната верзија и да го погодат резултатот на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација против Австрија, Украина и Холандија. По завршување на секој натпревар ќе се доделат по 30 подароци за секој натпревар, во извлекување по случаен избор.

Квизот започнува на 10.06.2021 година и секој корисник има право најдоцна 1 час пред стартот на првиот натпревар од Група Ц да даде точен одговор за резултатот за тој натпревар, по кој рок ќе стартува квизот за вториот натпревар и по истиот принцип на учество ќе продолжи и за другите натпревари од Група Ц.

Можеби ќе ве интересира

Одржани редовна седница на Извршниот одбор за монетарната политика и седница на Советот на Народната банка

ДЕСК

Туркије урива рекорди во туризмот – остварени над 50 милијарди долари приход во првите три квартали од 2025

ДЕСК

Косово нѐ престигнува со плата од 500 евра во 2026-та, раст во целиот регион освен во Македонија каде засега остануваме со минималец од неполни 400 евра

ДЕСК