Centar.mk
ЛОКАЛНО

Трета фаза од прскањето против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 14.06.2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, односно:

Авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во раните утрински часови.

Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.06.2021 (понеделник), во текот на денот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

ДЕСК