Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Казнети 152 возачи во Скопје

Полицијата вчера казни 152 возачи во Скопје, од кои најголем број за непрописно паркирање, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на Град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање“, соопшти МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +