25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Нови пари за над 17 000 вработени во угостителството

Шест милиони евра изнесува финансиската помош од шестиот пакет мерки која е насочена кон угостителската дејност. Мерката важи за сите оние коишто беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април, за време на забраната за работа како мерка за спречување на ширењето на корона вирусот.

-Од 2.406 пристигнати апликации, пристап до помошта нема да имаат единствено 202 апликанти, кои не биле регистрирани со соодветна шифра на дејност, соопшти Владата.

Најпогодените од коронакризата, кафулињата и рестораните, ќе добијат и 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година, согласно мерката за субвенции на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата.

-Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра, изјави претходно вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

2,5 милиони евра од шестиот економски мерки добиваат и рестораните за свадби, евент индустријата, игротеките, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.

Мерките се надополнуваат на помошта која им се пружа на угостителите уште од почетокот на пандемијата, преку субвенциите на придонеси по вработен во висина до 50% од просечна плата исплатена во 2019 година. Од почетокот на коронакризата па досега, властите решија да креирааат повеќе таргетирани мерки за угостителската дејност, како што се намалување на стапката за ресторантски услуги и служење храна и пијалоци, директна финансиска помош за регистрираните компании во угостителската дејност и други. Но, воедно, угостителскиот бизнис не беше исклучен ниту од мерките за репрограмирање на долгови и пролонгирање на исплатите кон банките и штедилниците.