Centar.mk
ЛОКАЛНО

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на големи количини на кабаст отпад

Фејсбук статус на Констамтин Георгиевски, градоначалник на Охрид:

🚛Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” рано утринава извршија вонредно чистење и подигнување на големи количини на кабаст отпад кој несовесни граѓани го исфрлиле на несоодветни локации во селото Пештани.

⚠️Ова не е прв случај на несоодветно депонирање на отпад од страна на граѓаните. Екипите на претпријатието секојдневно подигнуваат кабаст отпад и од други јавни локации во градот и приградските населби.

📢Општина Охрид упатува јавна осуда до сторителите на вакви еколошки престапи и најавува засилени инспекциските контроли на терен, со цел да се спречат и санкционираат сторителите. Се упатува апел до граѓаните да покажат повисоко ниво на еколошка свест и да не го исфрлаат отпадот на несоодветни локации.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +