Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за месец јуни

Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.

„Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг-листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија“, велат од министерството.

Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии, која беше воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација, најавија од МОН.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Снемува пари во Буџетот, дефицитот за три месеци изнесува 408 милиони евра

C +

Европски фронт собира потписи за уставни измени: Време е да се деблокира евроинтеграцијата

C +

Се запали сендвичара во Охрид, има повредени

ДЕСК