Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

258 сообраќајни прекршоци во Скопје, 44 за брзо возење

По засилените сообраќајни контроли на МВР, на територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 258 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 44 санкции, 27 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 23 санкции за користење мобилен телефон, 25 за некористење сигурносен појас, 19 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 45 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност .

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК