Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Јовески се лизнал и паднал на кеј – позната неговата здравствена состојба

Јавниот обвинител на Македонија Љубомир Јовески е добар и е пуштен дома откако вчера бил повреден на кејот на реката Вардар.

авниот обвинител Љубомир Јовески не бил нападнат од никого, туку движејќи се по кејот на Вардар паднал и добил гребаници. Укажана му е здравствена помош и е пуштен дома, информираше кабинетот на јавниот обвинител.

„Во врска со написите во некои медиуми, Јавниот обвинител на Република Македонија, ја известува јавноста дека попладнево, рекреирајќи се покрај кејот на реката Вардар, симнувајќи се по скалите падна при што се здоби со гребаници од бетонската подлога. Гребаниците се санирани од здравствени работници и Јавниот обвинител е пуштен дома“, појасни кабинетот на Јаниот обвинител.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

Трагедија во Скопје: Малолетно дете и жена паднаа од балкон од станбена зграда во Тафталиџе

ДЕСК

Над 19.000 сообраќајни прекршоци во февруари регистрирани преку „Безбеден град“

C +