Голем број на проекти за фотонапонски електрани со цел поголеми инвестиции во обновливите извори на енергија, заштита на работните места на граѓани и затворање на јаглените електрани презентираше Владата во рамките на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
Покрај фотонапонската електрана од 100 мегавати, инвестиција од 70 милиони евра, која ќе се гради по пат на јавно-приватно партнерство, премиерот Зоран Заев најави и уште неколку фотонапонски електрани инвестиции на државата.
„Сопствена инвестицја на државата 10 мегавати со во Кичево, во Осломеј, заврешни се правните постапки изградбата ќе почне неделите пред нас. Следно е одобрение со поддршка на ЕУ и ЕИП од инвестициски фонд за Западен Балкан, 10 мегавати во Осломеј и плус 2 пати по 10 мегавати во РЕК Бтиола, севкупната вредност на овие инвестиции е околу 28 милиони евра. Фотонапонски централи што се реализираат веќе и дел во следниот период ќе продолжат да се реализираат во Македонски Брод и во Свети Николе на државните локации, но и на многу други привлечни локации пуштивме веќе и во Неготинско, во Брвеница и на други локации, за 60 мегавати вкупната вредност е некаде околу 40 милиони евра“ објасни премиерот Заев.
Тој додаде дека приватни инвестиции на домашни комапани ќе бидат фотонапонските централи во Кочани, за кои се завршени постапките и се очекува изградбата да започне во следните неколку месеци.
Овие инвестиции се дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 со кои се предвидуваат инвестиции од преку 8 милијарди евра за македонската економија, од кои најголем дел, односно, преку 3 милијарди се во енергетиката.