Centar.mk
БИЗНИС

Ковачевски: Данокот на доход во ИТ индустријата скалесто ќе биде намален на 0%

„Ние ветивме дека стапката на данокот на доход во ИТ индустријата ќе дојде на 0. Тоа е дејност која го зголемува брутодомашниот производ, вработува високобразовани кадри и има големо влијание врз БДП. Тој скалесто ќе биде намален на 0, за таа дејност да продолжи да се развива“ кажа заменик-министерот Димитар Ковачевски во емисијата „Економски магазин“ на АлсатМ.

Ковачевски додаде дека Владата ќе прави корекции на одредени даноци, кои што се ветени и ставени во програмата.

„Пред 1 јануари 2023 година нема да се сменат даночните стапки, односно данокот на личен доход и кога ќе се направи решението за од 1 јануари 2023 година, тоа ќе биде со одложено важење, за стопанските комори и компаниите да го прилагодат своето работење во шест месечен период “ кажа Ковачевски.

Тој додаде дека стапката на ДДВ исто така ќе остане на 18%, како и дека нема да има промена на останатите повластени стапки.

Заменик-министерот за финансии кажа дека веќе има намалување на ДДВ кај занаетчиите и во угостителските услуги со цел намалување на сивата економија

Можеби ќе ве интересира

Високите цени на дизелот закотвија половина од холандската рибарска флота

C +

Дали треба да има скратена работна недела? Ако се усвои оваа мерка македонските граѓани ќе работат 4 наместо 5 дена за иста плата

ДЕСК

Николоски: Инвестициите во енергетската мрежа носат стабилност за граѓните и компаниите, а на државата економски напредок

ДЕСК