Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер на дрога од Тетово, при претреси пронајдена дрога и оружје

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово приведоа 21-годишен жител на Тетово кај кого била најдена дрога и оружје.

Според информациите од МВР, при извршени претреси во дом и помошни простории во с.Боговиње и на ул.„Штипска“ во Тетово била пронајдена поголема количина марихуана и пиштол, кој го поседувал без дозвола. Дрогата е предадена на вештачење, а Б.Б. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК