Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за државјанин на Албанија кој со стап нападнал лице во селото Гнеотино

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен државјанин на Република Албанија.

Осомничениот на 13 мај 2021 година, околу 15:30 часот во селото Гнеотино кај м.в. Чаир, физички нападнал едно лице удирајќи го со стап по главата. Од ударите кај оштетениот настапила тешка телесна повреда.

Јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице со цел обезбедување непречено одвивање на постапката. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола со решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена.

Можеби ќе ве интересира

КРАЖБА И НАПАД ВО ГОСТИВАРСКА АПТЕКА – 33-годишна жена го пријавила случајот

ДЕСК

УАПСЕН ПО СООБРАЌАЈКА ВО ГОСТИВАРСКО – На 45-годишен возач му биле измерени 1,58 промили алкохол

ДЕСК

УАПСЕН 22-ГОДИШНИК ВО ТЕТОВСКО – Управувал товарно возило и покрај изречената забрана

ДЕСК