Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Претрес во Гостивар, запленета дрога и уапсени петмина

Полицијата ноќеска околу 2 часот привела петмина од Гостивар, кај кои била најдена дрога.

Меѓу уапсените се Г.Д.(27), С.С.(27), И.С.(39), Ф.И.(27) и А.Б.(32), сите од Гостивар.

При претрес извршен во деловен објект и подрумска просторија во Гостивар, кој го користи И.С., извршен со судска наредба, биле затекнати приведените лица, а биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и предмети со остатоци од наркотична дрога.

Лицата се приведени и задржани во полициска станица, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок за неовластено производство и пуштање по промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Можеби ќе ве интересира

СО ДРОНОВИ ЌЕ СЕ БАРААТ КРАВИТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА – Следната недела почнува спроведувањето на акцискиот план

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Талогот на СДС може мирно за спие, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува конкретни мерки за младите, и за вработување и за стекнување на свој дом

ДЕСК

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БОЛЕДУВАЊЕ ОД 1 ДЕКЕМВРИ – За отсуство подолго од пет дена ќе биде потребен специјалистички извештај

ДЕСК