23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Со новиот состав на органите СДСМ уште подобро ќе им служи на граѓаните и на државата

СДСМ по 26. редовен конгрес, со кадровски освежувања во највисоките партиски органи, кои се спој на искуство и нова енергија, започнува ново четиригодишно поглавје како локомотива за напредокот на македонската држава и како гарант за исправниот колосек кој води до подобра иднина на сите граѓани, напоменуваат од партијата по вчерашниот конгрес.

Дообјаснуваат дека во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите.

„Новиот состав на Централниот одбор е освежен, 2/3 од него се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата. Остантите, 1/3 веќе биле членови. Од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи – целосна родова еднаквост. Млади се 45 членови, што е застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во која било друга партија во Северна Македонија. Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци, имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од младите редови на СДСМ. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, од 4 потпретседатели, 2 се нови“, посочуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените.

„Овој состав е нова свежина, нова енергија и младост и гарант дека промените во СДСМ не се ниту случајни ниту стихијни, туку дека се континуитет со кој уште подобро и уште повеќе, посветено им служиме на граѓаните и државата“, сметаат од СДСМ.