Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тешка сообраќајка кај Велес – петмина повредени

Петмина повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера се случила во близина на Велес. Две лица од нив се со потешки повреди.

-Вчера околу 17.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-с.Извор се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано од А.М.(31) од Велес и товарно возило „мерцедес“, без регистарски ознаки, управувано од Р.К.(60) од с.Баница, струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.М. и малолетна сопатничка од с.Горно Оризари во патничкото возило, а со телесни повреди се здобиле А.Д.(38), Н.Д.(38), С.К.(30) и малолетен сопатник, сите од с.Горно Оризари, сопатници во патничкото возило, констатирани во Општата болница Велес, појаснуваат од МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +

Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна

C +

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

C +