Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Празните протести покажаа дека реформите во образованието се успешни

Празните протести кои се одржаа денес низ повеќе градови на земјава, покажаа дека најголемиот дел од граѓаните не се против новите реформи за дигитализација на образовниот процес.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ која што се потпишува како организатор на денешните протести повика на референдум со цел граѓаните да го искажат својот став за реформите во образованието.

Сепак, судејќи по бројот на граѓани кои се појавија на протестите против дигитализацијата, очигледно е дека најголемиот дел од родителите сметаат дека реформите се успешни и добри.

Како што објаснуваат од Министерството за образование, со новите реформи и наставни програми, учениците се ставаат во центарот на образовниот систем. Од таму кажаа дека ги разбираат дилемите што ги имаат дел од родителите и дека од есен промените ќе стартуваат во прво и четврто одделение.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25°C, А ЗА ВЕЛИГДЕН СИЛЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК