Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Костадинов: Со планот за економски раст со речиси 70 милиони евра се поддржани 800 компании

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија, вели портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Според него, освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.

„Преку планот за економски раст во изминатите три години, со речиси 70 милиони евра поддржани се 800 компании, од нив, 42 милиона евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој“, вели Костадинов.

Ова се пари од буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање нови добро платени работни места, смета портпаролот на СДСМ.

Тој потенцира дека државната помош, освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со многубројни статистички податоци. Се надминуваат последиците од корона-кризата, во изминатите месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, a стапката на невработеност благо опаѓа. Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична“, констатира тој.

Напомена дека поддршката за домашната економија продолжува и понатаму и дека во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК