Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

До вторник сончево и топло со високи температури, во среда невреме – Метеоцентар со детална прогноза

Времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено попладне вдолж Повардарието.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. Во среда претежно во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд и грмежи.

Прогноза за 10.05.2021
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 21°C до 27°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Прогноза за 11.05.2021
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.

Прогноза за 12.05.2021
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 27°C
Претпладне сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер. Околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК