23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 27 години не потроши ни денар за набавка на опрема, а сега креира наводни скандали

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со новите политики на СДСМ во Градот Скопје, со кои главниот град станува модерна, уредна, европска метропола, затоа продолжува со ширење лаги и дезинформации, реагира СДСМ, на прес-конференцијата на Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За 27 години, колку што беа на кормилото на Град Скопје денар не потрошија за набавка на опрема и сега соочени со набавката, креираат наводни скандали. Ништо не набавија а потрошија милиони на споменици и лажен барок, додека градови од регионот, како Загреб сериозно вложуваа во опремување на противпожарните служби со нова современа опрема“, велат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека скопјани бргу ќе се уверат колку е зголемена безбедноста во градот и добро знаат што остави ВМРО-ДПМНЕ зад себе – запаливи фасади, лавови, жални врби и стиропор што глуми мермер.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнети од граѓаните на избори и уште долго ќе останат во опозиција“, велат од СДСМ.