Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Прва доза вакцина вчера примиле 12.487 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.725 граѓани.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи, како што се наведува, тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат. Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 256.346 граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК