9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јавните кампањи се стандард во демократските земји, потребно редифинирање на забраната во земјава

Речиси сите развиени, демократски земји со масовни јавни кампањи градат свесност за заштита од пандемијата на КОВИД-19 и ги претставуваат предностите на масовната имунизација, додека во земјава, тоа е оневозможено со Членот 102 од Законот за медиумски услуги, со кој се забрануваат кампањи финансирани од државниот буџет, пишува Цивил.

Во 2020 година, британската Влада беше еден од најголемите огласувачи во земјата со потрошени речиси 164 милиони фунти. Со јавните кампањи, тие ја информираа јавноста за ризиците и опасностите од КОВИД-19, даваа примери за заштита и ги едуцираа граѓаните за предностите на вакцинацијата.

Според медиумските експерти, ваквите јавни кампањи во Обединетото Кралство ќе продолжат и во оваа, 2021 година, со цел побрза и поефикасна масовна имунизација, како и заштита на јавното здравје и медицинските работници.

Слична е приказната и во останатите земји, каде што освен за пандемијата, јавните кампањи опфаќаат и други теми кои се значајни за јавниот интерес и граѓаните на тие земји. Франција во изминатите години финансираше и јавна медиумска кампања против сексуалното насилство, недоличните коментари и дофрлања во јавниот транспорт.

Како што пишува Цивил, Ирска редовно финансира јавни кампањи за заштита на граѓаните на работните места, додека пак во Канада актуелни се кампањи за информирање на граѓаните за трговијата со луѓе. Помеѓу попопуларните кампањи, кои се сретнуваат во повеќе земји во светот се и за работничките права на граѓаните и за важноста од купување на домашни производи.

Обединетото Кралство оваа година спроведува јавна кампања и за информирање на граѓаните од потребата и важноста за спроведување на попис. Кампањата за пописот беше преведена на 44 јазици и вклучува граѓани на земјата од најразлични социо-економски и етнички позадини.

Премиерот Зоран Заев најави дека во следниов период ќе дебатира со сите засегнати страни за изнаоѓање на заедничко решение со цел дефинирање на ислучоци за јавни кампањи кои се од интерес на државата и сите граѓани.