Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради забраната за владино рекламирање, само ЕУ и УНИЦЕФ водат кампањи за јавен интерес во земјава

Наместо Владата на Република Северна Македонија, кампањите од јавен интерес во земјава во моментов ги водат Европската Унија и агенциите на Обединетите Нации поради Членот 102 од Законот за медиумски услуги кој забранува кампањи финансирани од буџетот, објави Цивил.

Противењето на вакцинацијата на значителен дел од македонското население, борбата против корупцијата, како и одредените шпекулации и кампањи против пописот, само ја отвораат потребата од правилно, транспарентно и објективно информирање на граѓаните.

Во моментов единствените кои што можат и водат кампањи за подигнување на јавната свест и заштитата на јавниот интерес се Европската Унија, УНИЦЕФ и останатите агенции на Обединети Нации. Тоа само покажува дека потребни се измени на Членот 102, со што би се дефинирале исклучоци на забраната за владини кампањи со цел заштита и промоција на јавниот интерес, пишува Цивил.

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе се дебатира со сите здруженија на медиумски работници, сите здруженија на медиуми и сите засегнати страни за изнаоѓање на оптимално решение.

Спонзорирано: