Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОР

За субвенции за велосипед во Град Скопје аплицирале 3.057 граѓани, повикот е затворен

Поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување нови велосипеди и исполнување на предвидените средства, Градот Скопје известува дека овој јавен повик е затворен.

Јавниот повик беше објавен на 19 април и аплицирањето се одвиваше онлајн, на линк објавен од Град Скопје. Од објавувањето на јавниот повик досега аплицирале 3.057 граѓани и со тоа предвидените финансиски средства се исцрпени.

„Граѓаните покажаа голема заинтересираност за овој проект, а со тоа и висока свест за заштитата на животната средина“, велат од Град Скопје.

Во буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за велосипеди се предвидени 8,5 милиони денари. Во изминатите три години, Град Скопје додели над 10.000 субвенции за граѓаните што купија велосипед.

Можеби ќе ве интересира

Перински од Вевчани: Здружување на општини е решение за ограничените административни капацитети на малите општини

ДЕСК

ЗАПОЧНА ЗАТВОРАЊЕТО НА ВАРДАРИШТЕ: Од депонија до мега парк од 300.000 м²

ДЕСК

Перински од Охрид: Инвестиции во инклузивен туризам и подобри комунални услуги за граѓаните

ДЕСК