Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Фото на денот) Вело-полицајци патролираат низ Охрид

Со цел зголемување на безбедноста за време на Велигденските и првомајските празници во Охрид но и остварување поблизок контакт со граѓаните, СВР Охрид во своето редовно полициско работење, од денеска ја ангажира велосипедската полициска патрола.

Предвидено е, патролата, активно да се вклучи во превентивното и репресивното полициско делување во централното градско подрачје, плажите, паркинг просторите но и во останатите делови од градот.

Полициските службеници на велосипед, ќе работат на спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање на сторители на казнени дела, ќе преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир и мерки во сообраќајот.

По проектна иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, велосипедската полициска патрола, СВР Охрид ја воведе во јули 2008 година, со претходна професионална обука за посебните техники на полициско велосипедско патролирање.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК