Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ свесно ја кочи работата на Собранието, а потоа глуми загриженост за граѓаните и државата

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ:

Одговор1: Во однос на најавта за формирање на повеќе пратенички групи од страна на ВМРО-ДПМНЕ навистина кај мене и кај огромен дел од мнозинството граѓани навестува некаква најава за она што значеше 27 април 2017.

За жал таа режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ коешто уште е раководено од Никола Груевски не е излезена и не ме изненадува таквата најава особено после протестите каде што излегоа во знак на поддршка на луѓето којшто тие ги нарекуваат уставобранители а којшто всушност луѓе имавме можност да ги видиме ние граѓаните, да ги почувствувате вие новинарите, пратениците којшто беа дел од 27, собраниските служби и да не ги набројувам.

Истите тие во наводници уставобранители денеска од дел од медиумите имавме можност да слушнеме како коват план за ликвидација и тоа од затворот од тоа што можевме да го слушнеме.

Во таа смисла не ме изненадува иако како човек не можам, секако и како пратеник а де не бидам оптимист дека дури и во ВМРО-ДПМНЕ има прогресивни сили којшто ќе застанат на патот и ќе бидат пречка на ова раководство да не си ги реализира својте примарни цели а тоа е блокада на граѓаните и блокада на државата генерално.

Одговор2: Од самиот почеток настапите на ВМРО-ДПМНЕ ги гледаме и овде во Собранието ги гледате и вие новинарите а преку вас и граѓаните.
Зборуваше и претседателот на Собранието господинот Талат Џафери дека првичната можност беше промена на Деловникот. Со некакви чудни изговори ВМРО-ДПМНЕ ја блокираше измената на Деловникот.

Ние имаме обврска како одговорни граѓани и како одговорни политичари да направиме се што е во рамки на Деловникот согласно сите протоколи за да го деблокираме Собранието. Тоа и се случи.

Собранието е деблокирано,најголем дел од пратениците се вакцинирани, со протоколите очекуваме бргу да се случи и ревакцинација и потоа да бидеме во долната сала за пленарни седници каде што ќе ги имаме неопходните услови за нормално од технички аспкет функцинирање и секако со тоа да продолжиме да работиме и носиме закони кои се важни за граѓаните.

Во однос на ВМРО-ДПМНЕ ќе повторам, блокадите се нивна примарна цел, тоа се гледа не само во учеството или неучеството на пленарни седници, тоа се гледа и преку функционирање на комисиите коишто се клучни за спроведување и изгласување на законите.

Такви беа и законите од 39 та седница каде три од законите беа директно поврзани со справување со Ковид и особено важно за студентскиот оброк каде студентите ќе добиваа по 6000 денари, каде апсолутно деловничката можност со самото изгласување во прво читање, претседателот на Комисијата за финансирање е должен има обврски да ја свика комисијата, од завршување на сединицата и изгласување на законите во прво чиитање поврзани со законите за справување со ковид до ден денеска комисија немаме.

Петтиот пакет на економски мерки се кочеше 6 месеци заради блокирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Ако ја следите работата на комисиите ќе се види дека се што е важно за граѓаните се кочи од два до три месеци за да после тоа од кога ќе се изгласа држат прес-конференции дека мерките се задоцнети. Тоа е нехумано однесување на ВМРО-ДПМНЕ.

Но, сепак сум оптимист дека шанса има а во моментот Собранието не е блокирано и не е исполнета нивната желба да се кочи се што е во интерес на граѓаните и јас сум уверен, ги уверувам и граѓаните дека тој принцип ќе остане согласно почитување на Деловникот од страна на претседателот на Собранието, тој ќе функционира.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ ФОРМИРА СНЕЖНА ПОКРИВКА ДО 15 СМ НА ПЛАНИНИТЕ: Најавени пообилни врнежи на дожд низ цела Македонија, некаде ќе преминуваат во снег – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Ако ЕУ има решение за Украина и Молдавија, лесно ќе најде и за нас, пoрача Сиљановска-Давкова во годишното обраќање

C +

Претседателот на Собранието Гаши донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово

ДЕСК