Судот го кажа неговиот збор. Не дека се невини тие што се во затвор, туку треба да се види уште колку виновни се на слобода. Единствениот кој невин лежи во затвор е човекот кој ме спаси мене на 27-ми април: Абдулфета Алими. Тие што се надвор се тие што отвораа врати и тој што беше министер за внатрешни работи. Поткрепа за ова што го велам, е фактот дека немаше никаква резистенција од страна на униформираната полиција за да ја спречат топлата да влезе во Собранието, изјави за Дојче Веле лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села за вчерашниот протест.
Во изјавата тој се осврна и на оние кои се ставија во одбрана на тој настан и на учесниците во него.
„Чудно е што досега некои се обидуваа да се оградат од тие настани, сакајќи да покажат дека се реформирани. Вчерашниот протест е скандал. Не само дека се терористи тие што се во затвор и оние што тоа го организираа однадвор, туку се и хулигани, варвари и кукавици. И сите што нив ги поддржуваат, треба да знаат дека на такви кукавици им даваат поддршка. Други се тие невини лица кои лежат во затвори, тоа се Албанци на кои им се монтираат политички процеси. Вчерашниот протест уште еднаш гласно покажува дека некој во Македонија сака да воспостави двојни аршини, а тоа не е добро за државата“, вели Зијадин Села.
Запрашан за поддршката што Груевски ја даде за вчерашниот протест, Села имаше краток одговор: „Тој е во групата на најголемите кукавици!“