Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38% во однос на Одлуката од 19.04.2021 година.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.04.2021 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 денар/литар.
Намалување има и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,400 ден/кг и таа ќе изнесува 34,592 ден/кг.
Од 27.4.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 67,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 69,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 58,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 58,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 34,592 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,242%, кај дизелот зголемување за 0,742%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,902 % и кај мазутот има намалување за 0,543 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,844%.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 27.4.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.