Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени две лица од Радовиш, запленета марихуана

Две лица од Радовиш се лишени од слобода откако полицијата кај нив пронашла и одзела марихуана.

Според информации од министерството за внатрешни работи вчера во 13.00 часот на автопатот Штип – Миладиновци, кај место викано „Ерџелиски мост“, светиниколско, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Г.М.(25) и Р.С.(26), двајцата од Радовиш.

При преглед во возилото „нисан“, кое го управувал Г.М., а сопатник бил Р.С. и при нивен личен преглед полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

Двете лица биле приведени во полициската станица Свети Николе и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +