11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ДПИ и Пауновски единствени од 237 институции не ги примаат „рамковните“, иако добиле плус уште 15 инспекторски вработувања

По повеќекратните одбивања на директорот на Пазрниот инспекторат Пауновски дека не ги прима доделените „рамковните“ админстративци, со реакција се јавија и вицепремиерите Груби и Николовски. Во соопштението се истакнува дека овие вработувања не се замена за редовните побарувања за кадри и нови вработувања што ги имаат инспекторатите.

„Спроведувањето на решението е распределено хоризонтално и солидарно со вклученост на дури 237 институции и до сега ниту една не одбила да учествува во решението, туку се барале модалитети и начини истото да се спроведе. Процесот е започнат и досега се распоредени 635 лица кои имаат конкретни ангажмани, за конкретна јавна служба и кои конечно се внесени во систем на оценување и мерење на нивниот ангажман“ се вели во заедничкото соопштение на вицепремиерите Груби и Николовски.

За вработените според принципот на правична застапеност, тнр. „рамковни“ административци што немаа работно место а примаа плата од буџетот, тече процес на распоредување во 237 институции. Само директорот на ДПИ, Пауновски неколкупати јавно негодуваше на нивниот прием, а денес доби одговор и од премиерот Заев кој побара предлог за негово разрешување поради непочитување на одлука на Владата.

Директорот Пауновски во своите настапи постојано зборуваше за 35 „рамковни“ и нивната нестручност, додека владините функционери посочуваат на одлука на владата, со која инспекторатите се засилиле со 105 нови кадри надвор од „рамковните“, а инспекторатот на Пауновски дополнително добил дозвола да вработи 15 нови инспектори.