„Ние јавно и транспарентно објавивме и кажавме каде се направени грешки, не грешки туку злоупотреби на државната помош затоа што баш буквално станува збор за помош со пари од државата, можеби за тоа така и во јавноста тоа беше скандалозно прифатено. Ние само спроведуваме контроли со Државниот инспекторат за труд, некаде имаме спроведено контроли каде што ги гледавме сите оние движења на сметки и ги гледавме документациите, билансите, пријавите, и во делот на добивката, персоналниот данок пред се како таргет, како тежиште на самата контрола. Исто така ги спроведовме сите дејствија на присилна наплата коишто ни беа во наши раце односно ги блокиравме сметките, онаму каде што имаше простор и наплативме го наплативме долгот и целиот тој список го доставивме до ОЈО, односно Генералниот секретаријат на Владата го достави до ОЈО. И мислам дека уште некои податоци коишто ни ги бараше Обвинителство ќе ги доставиме. Така да очекувам дека ќе се поднесат и Кривични пријави на сите тие управители поготово што има компании коишто имаат аплицирано за три месеци едно подруго и ја имаат направено таа злоупотреба. Таму имаше соодветен прашалник од СБ се со цел за да се заштити буџетот, средствата да одат онаму каде што се најпотребни, најнеопходни, меѓутоа ете тие што мислат дека го изиграле Законот, всушност не е така.“-изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.