Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нови детали за убиството во Струга: Ја убил 5 години помладата сопругата, па се обидел да се самоубие

Сопруг со повеќе убоди од нож ја убил својата пет години помлада партнерка, вечерва во Струга, а потоа се обидел да се самоубие.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, според кој, жената им подлегнала на повредите на местото, а мажот е пренесен во болница во тешка состојба.

– Во 19 часот и 15 минути пријавено е дека во Струга, на улицата „Ристо Крле“ при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а Ј. Р. (1982) е повреден и е пренесен во Општата болница – Струга, изјави Димоски.

Брачниот пар имал и малолетни деца.

Полицијата, додаде, работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК