Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Убиство вечерва во Струга: Со нож ја избодел сопругата до смрт

Убиство вечерва се случи во Струга, откако 39 годишниот маж во семејниот стан си ја убил пет години помладата сопруга.

Според официјални информации на СВР Охрид, на улицата „Ристо Крле“ во Струга, при расправија со својот сопруг, С. Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите. Смртта ја констатирала Итната медицинска помош од Струга, а сопругот со иницијали Ј. Р. (1982 ) е повреден. Од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.

Неофицијално мажот се здобил со повреди, при обид за самоубиство. Младиот брачен пар имале и малолетни деца, а неофицијално станува збор за лица од ромска националност.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +