11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Кузеска: Поддршка од над 9 милиони денари за угостителите со шестиот пакет мерки

Со шеститот пакет мерки обезбедуваме поддршка од 9.9 милиони евра за над 6.000 угостители кои вработуваат над 17.000 лица, истакна на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„На сите угостителите ќе им бидат покриени 30 проценти од приходите, износ којшто ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени“, изјави Кузеска.

Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година.

На ист принцип со исти критериуми, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат околу 1200 компании, категоризирани како ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија.

Според најавеното, на овие компании исто ќе им бидат покриени 30 отсто од приходите, износ којшто ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, а дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Со шестиот пакет мерки со 1,4 милиони евра ќе бидат поддржани и туристичките агенции, притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Дополнително, во пресрет на туристичката сезона, како поддршка и помош за домашниот туризам, како и за угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојуваат во државата.

Во вој шести пакет антикризни мерки е предвидено финансиска поддршка од 30.750 денари да добијат сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцирани туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, согласно овој пакет мерки ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Спонзорирано: