25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Следуваат кривични пријави за ВМРО-ДПМНЕ и Левица, најави Костадиновска-Стојчевска

Пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска која вчера иако позитивна на Ковид отиде да гласа во Собранието во изјава за ТВ 24 рече дека ќе одговори на секоја кривична пријава.

Ова доаѓа откако вчера и ВМРО-ДПМНЕ и Левица најавија кривични пријави посочувајќи дека станува збор за тероризам.

-На колегите од ВМРО-ДПМНЕ ќе возвратам со кривична ријава до сите од нив зошто доаѓаат на работа каде ние сме предвидени да работиме минимум 5 дена во неделата и 8 часа, а тие седат по канцеларии. На пратениците од Левица исто ќе им возвратам со кривична пријава, зошто не ги исполнуваат условите кои ги отпишаа кога прифатија да бидат пратеници. Се појавуваат 10 минути неделно на едно процедурално од кое прават театар и си заминуваат – рече Костадиновска Стојчевска.

Посочува дека во Собранието се појавила според сопствено убедување, и не била принудена од никого.

-Ние сме избрани од народот и секогаш кофга ќе очувствуваме дека сме во можност да присуствуваме на седници каде се носат важни одлуки, ние ќе бидеме таму и под посебни протоколи. Јас сум асимптоматски случај и ги следев протоколите и се советував со мојот матичен лекар. Се возев со амбулатно возило приватно.“ – рече Костадиновска Стојчевска.