Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Добра вест: Следува шестти пакет на мерки – Владата одлуката ја носи утре

Откако по неколку месеци блокада од опозицијата на петтиот сет мерки за помош на стопанството, пакет што вчера беше изгласан во Собранието, а го помогнаа и двајца пратеници кои беа заразени од ковид 19 и дојдоа во скафандери, Владата најавува шести пакет на мерки.

Утре Владата се очеува да ја соопшти и предложи серијата ковид мерки кои се т.н. шест пакет.

Од она што се знае дека покрај други бизниси кои се погодени од пандемијата, во шестиот пакет мерки ќе биде предложена поддршка за угостителскиот сектор, вусшност тоа ќе биде поддршка во износ на пресметаниот пад на приходите од 30 отсто овој месец, додека се затворени.

Тоа значи, дека на угостителските дејности целиот период во кој се затворени ќе им бидат супституирани 30 проценти од приходите и дополнително ќе им се дадат 50 отсто од бруто минималната плата за секое вработено лице.

Ова значи дека угостителските објекти кои издавале фискални сметки и го пријавувале прометот, сега ќе добијат поддршка во 30 отсто од сумата.

Се прават и последни калкулации за отпис на камати за долгови постори од три месеци, се собираат информациите од сите јавни претрпијатија на централно и локално ниво и се прави законското решение.

Покрај ова се креираат и законски решенија за даночни олеснувања кои годинава би се реализирале како мерки.

Шестиот пакет се очекува да биде експресно донесен, дури и ВМРО ДПМНЕ и нивните сојузници да се дрзнат повторно да го блокираат Собранието, велат извори за Centar.mk

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК