Заев е бранител на криминалот на Рашкоски кој и понатаму може да влијае на сведоците. Рашкоски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„’Немам сомневање дека се е чисто’ – рече Зоран Заев за случајот со Рашковски. Со ова Заев му дава легитимитет и институционална покриеност на Рашковски и неговите дејствија, дека тие дејствија се дејствија на владата, т.е. на него лично. Зоран Заев потврдил дека стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер. Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода. Ако Рашковски постапувал согласно причините и кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш“, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека набавката на софтверот на Рашковски е идеја на Владата и Владата стои зад него, а тоа го кажал Зоран Заев лично.
„Го повикуваме ЈО веднаш да го повика Заев и да го прошири случајот и кон него. Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.