11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Обвинителството не може да доброи колку фирми и трансфери со црни пари имал Камчев

Империјата на Орце Камчев градена преку даночни затајувања, офшор компании и финансиски малверзации, од ден во ден се повеќе се распаѓа. Слободен печат неофицијално дознава дека целото досие за пирамидата на Камчев има десетици илјади страници и неопходно е време сите да се проверат и истражат.

Целиот процес го отежнуваат големиот број трансакции, многуте фирми кои Камчев ги има низ странски држави, пред се оние во офшор дестинациите. Оттаму, никој не знае уште колку ќе трае вештачењето на доказниот материјал со оглед на неговата обемност. Јавното обвинителство во чија надлежност е сега предметот, после вештачењето се очекува да покрене обвинителен акт.

„Империја“ е предмет во кој се истражува финансиски криминал на Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски. Тие, како што соопшти своевремено СЈО, ќе се гонат поради сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Но, додека се чека целата империја на Камчев и партнерите да биде официјализирана со обвинение, Јавното обвинителство направи издвојување на предметот „Плацеви на Водно“ како посебен предмет, предметот поради кој Камчев е во притвор.

Главна фирма на Камчев низ годините му беше „Орка Холдинг“, преку неа тој улетуваше во многу бизниси, но секогаш во јавноста се известувало за сомнежи при неговото работење. Тој дури се обиде да влезе и во медиумскиот бизнис преку МПМ, весниците „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“. Пред да започне штрајкот на новинарите во овие редакции, соочени со неземени плати, во сопствеништвото на „Графички центар“, инаку сопственик на МПМ, влегува и „Орка холдинг“ и „Интернет инвестмен груп“ на Јана Станисављева, а фирмата ја имаше наследено од српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ. Целото експресно менување на сопствеништвото врз весниците, во толку краток период, го засили незадволството во редакциите каде што се намалуваа платите, се отпуштаа работници, или едноставно како намерно да се одеше кон тоа весниците да пропаднат.

Целиот текст на Слободен печат

Спонзорирано: