25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: 200.000 кинески вакцини очекуваме да дојдат на 28. април

По мини пикот во смисла на голем притисок на почетокот на неделата, бројките на новодијагностицирани со Ковид-19 се пониски. Вкупнот број новодијагностицирани повторно бележи пад под 900, некаде околу 890. За кратко време ќе излезат и официјалните информации. Тоа сето го гледаме и во болниците во Скопје и ширум државата. Навистина тој притисок, кој го имаше претходно, го нема.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека сè уште има приеми и се уште се внимателни, заради тоа што има голема бројка дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман, меѓутоа, појасни, не е таква бројката на приеми како што беше пред една недела.

Тој посочи дека се надевам дека овој тренд ќе продолжи и дефинитивно се ова знаци дека овој бран стивнува.

– Денеска салата „Борис Трајковски“ продолжува да работи како четврти пункт за вакцинација во Скопје и сите граѓани кои беа на почетокот пријавени, а се на возраст под 75 години односно 73 и 74 години ќе се вакцинираат следните денови тука во салата. На располагање се вакцините на „Спутник“, кои останаат после завршување на вакцинирањето на критичната инфраструктура, дел од вакцините на „Астра Зенека“ и донацијата со кинески вакцини од Обединетите Арапски Емирати. Така е направен распоредот, нешто поразвлечен, бидејќи станува збор за постари граѓани, некои од нив доаѓаат со придружба и согласно динамиката како ќе се одвива ќе се прави распоредот за следните денови, рече Филипче.

Потенцира дека добро се одвива целокупниот процес денеска во салата „Борис Трајковски“ и во пунктовите ширум државата.

– Денеска во 14:30 часот имаме состанок со градоначалниците и директорите на здравствените домови во шест градови каде планираме да организираме сличен ваков пристап за да разговараме за местата каде би мжело тоа да се одвива. Станува збор за Куманово, Штип, Квадарци, Битола, Охрид и Тетово. Со директорите на здравствените домови ќе поразговараме за тоа како ќе се распредели кадарот, истакна Филипче.

Тој рече дека на почетокот на следната недела се очекува да стигнат вакцини од компанијата „Фајзер“. Според најавата, како што појасни, на 19 април ќе стигнат 10.000 вакцини на „Фајзер“, а на 26 април уште 10.000.

– Утрово ја добивме потврдата од Кинеската амбасада дека 200.000 кинеските вакцини треба да ги очекуваме околу 28 април, додаде Филипче.