Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Закани за обезглавување стигнале до лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Закани за обезглавување стигнале до лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се пожали тој.

Вели по обелоденувањето на информации околу фалсификуваните пасоши пораките дошле од анонимни лица. Но, не ги пријавил, бидејќи не верува дека тоа ќе има ефект.

Христијан Мицкоски останува на тврдењето дека познати нарко босови и криминалци не би можеле да дојдат до лажен идентитет и пасош без знаење на врвот на власта.

Владејачката СДСМ пак бара да се отвори постапка против Христијан Мицкоски, тврдејќи дека се обидел да ја саботира полициска акција. Лидерот на опозициската ДПМНЕ, вели е подготвен да одговори на сите прашања кои што надлежните органи би ги имале поврзани со криминалот со фалсификуваните пасоши.

Можеби ќе ве интересира

МОН: Честит Ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј

ДЕСК

Успешна спасувачка акција на Кораб, извлечен и хоспитализиран повреден планинар

ДЕСК

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

ДЕСК