Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедијата во близина на Свети Јован Бигорски – Скопјанец загина, три се повредени во тешка сообраќајка

На 13.04.2021 околу 15.30 часот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во близина на манастирот „Св.Јован Бигорски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило влекач со приколка „ман“, со српски национални ознаки, управувано од Љ.Д.(53) од Република Србија и патничко возило„хјундаи акцент“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(68) од Скопје.

На местото на незгодата починал А.Ѓ., а неговите сопатници М.Р.(26), Ј.Т.(30) и Г.Т.(34), сите од Скопје, биле пренесени со Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле увидна екипа на ОВР Гостивар и Јавен обвинител, а возачот на товарното возило бил приведен во Полициската станица Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Мицкоски: На следните избори останува техничката влада, предложеното законско решение е за техничката влада за изборите потоа, стравот на Филипче е дека и тие избори ќе ги изгубат

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО – Метеоролозите објавија четиридневна прогноза за времето

ДЕСК