Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против гостиварец кој четири години не плаќал данок на доход

Гостиварското Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице, кое се товари за кривично дело даночно затајување.

Како што информираат од Обвинителството, во периодот од 2014 до 2018 година обвинетиот одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход.

Во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, но не ги навел во даночните пријави, со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на државниот буџет.​​

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +