Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Невреме и драстичен пад на температурите од утре – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Од утре ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Прогноза за 14.04.2021
Минимална температура: 4°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Умерено до значително облачно и посвежо со локални врнежи од дожд, на места поројни, проследени со грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 15.04.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд, на планините од снег, претежно во западните делови Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Прогноза за 16.04.2021
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ВЕЕ ВЕЧЕРВА ВО МАКЕДОНИЈА – СИТЕ ПАТИШТА СЕ ПРООДНИ, НО ИМА КАШЕСТ СНЕГ: Вечерно предупредување од „Македонија пат“

ДЕСК

СТУДОТ Е САМО ПОЧЕТОК – Македонија ја очекува временски пресврт, обилни дождови, а потоа и снег

ДЕСК

Мицкоски: Студентите ќе добијат многу повеќе од оние 140 денари за студентски оброк кои ги добиваат досега, работиме на понудата

ДЕСК