Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се огласи Трајче Заев, објави дека ниту комбето што го споменува ДПМНЕ не е на Заеви, ниту пак е уапсен негов вработен

– Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви, соопшти Трајче Заев, бизнисмен во објавата на социјалните мрежи која ја пренесуваме интегрално:

За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија вмро дпмне сакам да го објавам следното:

Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви.

Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви.

Јас сум на службено патување од 23ти Март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за нашите домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +