9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Марковска: Економските мерки дадоа резултат, економијата се враќа на стабилни стапки на раст, помошта за граѓаните и компаниите ќе продолжи

Економските мерки што Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев за надминување на последиците од кроонакризата даваат резултати. Тоа е потврдено и со бројни официјални статистички податоци. Во однос на преткризниот период, бележиме раст на буџетските приходи. Растот на вкупните приходи е 4,4 отсто, додека, 5 отсто е растот на даноците и придонесите, соопшти утрово на прес-конференција, Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ.

– Во јануари, извозот има номинален раст од 15,4 отсто на годишна основа, увозот на стоки раст од 5,3 отсто со што трговскиот дефицит во јануари се намали за 29 проценти.

Во јануари бележиме и раст на просечната плата од 2,7 отсто, раст од 0.8 отсто на прометот во внатрешната трговија. Се забележува постепено намалува на стапката на невработеност, додека вработеноста е соодветно зголемена.

Во поглед на реализација на економските пакети мерки, севкупната имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра, пари кои завршија директно кај граѓаните и во стопанството, рече Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ.

Согласно економските показатели и очекувањата, предвидено е оваа 2021 година македонската економија да се врати на стабилни стапки на раст, платите да продолжат да растат а невработеноста да се намалува, вели Марковска.

Владата предводена од СДСМ продолжува се креирање и реализација на мерки и политики што значат помош и поддршка за домашната економија, спас на секое работно место, велат од СДСМ.

Спонзорирано: