13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Салиху: Зголемената наплата на даноци, значи зголемена доверба во градот Скопје и општините

Најновите податоци за зголемување на процентот на наплата на данокот на имот во Скопје за 2019 се охрабрувачки. „Покрај Ѓорче Петров (99%), Аеродром (98%), Карпош (97%), и Центар (94%) каде што имаме голем процент на наплата, се зголемува наплатата и во други скопски општини од 2017 до 2019: Кисела Вода (од 78% на 90%), Чаир (од 68% на 91%), најмногу во Сарај од 46% на 90%), Шуто Оризари (од 62% на 74%), Бутел (од 77% на 89%), Гази Баба (од 63% на 71%)“, истакнува Ваљон Салиху во неговата колумна во Слободен Печат, „Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е шега“.

Според општинарите, ова е резултат не само на зголемените деловни активности, туку и на зголемената свест и доверба кај граѓаните во Градот Скопје (каде што се врши наплатата) и во општините.

„Кога граѓаните гледаат дека парите од нивните даноци не се расфрлаат во барокни фасади, панорамски тркала, прескапи споменици и восочни фигури, туку во инфраструктурни и други проекти за поубаво, почисто и позелено Скопје и неговите општини, тогаш се зголемува довербата во градот и општините, и соодветно на тоа, наплатата на даноците“, истакнува Салиху.

Поефикасниот систем на наплата на даноци во град Скопје, како што укажа и градоначалникот Петре Шилегов, е резултат и на подобрената соработка и координација помеѓу градот и општините, во насока на планирање и спроведување на заедничка градска политика, која е во интерес на сите скопјани.

„Кога играчите на терен подобро соработуваат и се координираат, се даваат и повеќе голови во мрежата, како што покажа и нашата фудбалска репрезентација која успеа да го порази и четирикратниот светски првак Германија, и тоа на домашен терен.

Како што се радуваме и охрабруваме од головите и асистенциите на Пандев, Елмас, Барди, Алиоски, Адеми и другите наши фудбалски репрезентативци, треба да се охрабруваме и кога политичките играчи покажуваат подобри резултати на теренот на локалната самоуправа“, поентира Салиху.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Утре ве чекаме на Кеј на детска атлетика со Кокан

ДЕСК

Валбон Лимани додели признанија на учениците од Летното училиште 2025

ДЕСК

Минатата недела санкционирани се 100 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

ДЕСК