20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нов студен бран во Македонија: УХМР најавува драстична промена на времето

До понеделник времето ќе се задржи стабилно со пораст на дневната температура, а утринската уште утре во најголем дел од земјава ќе биде околу или под нулата.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Прогноза за 12.04.2021
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 17°C до 23°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 13.04.2021
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 21°C
Умерено облачно. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 14.04.2021
Минимална температура: 4°C до 8°C
Максимална температура: 11°C до 18°C
Умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, на места поројни. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието.

Спонзорирано: